БЕГЕМОТ Прилог кон конфронтативна граматика на македонскиот и полскиот јазик

Издавач: Бегемот Јазик: Македонски Година: 2017
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 145 | Димензии: 200×130 | Корица: мека

200 ден

Опис

Предмет на овој научен труд е конфронтативното проучување на граматикализираните морфолошки појави во полскиот наспрема македонскиот јазик. Под терминот „граматикализација“ се подразбира регуларно појавување на морфосинтаксичките експоненти на одредена граматичка категорија. Значи, овој труд ја разгледува граматикализацијата како процес при кој одредени лексемски единици и конструкции добиваат граматички функции во одредени јазични контексти. Граматикализацијата, со која се занимава овој труд, го засега прашањето на границите помеѓу категориите, и во кој степен се развила зависност меѓу нивната структура и примена и колку се тие потврдени или непотврдени како граматички категории во јазикот. Граматикализацијата како актуелен процес претставува примарен феномен на дискурсот, кој треба да се разгледува од гледна точка на регуларноста на одредени семантички и морфосинтаксички јазични појави.

Лидија Танушевска

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.