Го видел ли некој другото зајаче?

Автор: Маранке Ринк и Мартајн ван дер Линден

За оние што сакаат да создаваат приказни низ игра.

Возраст: 3+

ISBN: 978-608-66218-1-0

790 ден

На залиха

Опис

На првите две страници од Го видел ли некој другото зајаче? се насликани картички за играта Најди го двојникот/Меморија. Само една од картичките е отворена.Зајак. „Зајко го бара другото зајаче“, се вели.

На следните две страници, отворена е уште една картичка што открива црвен авион. „Но, наоѓа авион.“ Одеднаш се нурнуваме во светот на играта и го гледаме зајакот во црвениот авион во потрага по неговиот пар.Маранке Ринк ја раскажува приказната за ова потрага небаре детето ја замислило за време на играта: преполна со апсурдни пресврти, кралеви, змејови, авиони, автомобили и чамци. И сите овие имаат идентичен двојник таму некаде. Белината на страниците се комбинира со свежи бои, па илустрациите се свежи и јасни. Вистинските картички за игра на задната корица ја дополнуваат оваа иновативна книга.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.