НА ПОПУСТ 23%

LONG POSITIVE ВЕГАНСКИ HYPER PROTEIN 9+

HYPER PROTEIN 9+, веганска протеинска суперхрана од 100% органско потекло, 500гр

Составен од 8 растителни протеини кои обезбедуваат комплетен протеински состав збогатен со адаптогени билки и медицински печурки

  • 26g протеини по порција
  • Помага во подобрување на физичките перформанси и закрепнување на мускулите
  • Го поддржува имунолошкиот, нервниот и ендокриниот систем
  • Помага во регулирање на метаболизмот
  • Помага во адаптација на организмот на состојби на стрес
  • Ги подобрува концентрацијата, помнењето и менталното здравје

Наменет за секојдневна употреба кај млади и возрасни лица, спортисти, рекреативци и луѓе кои се грижат за своето здравје

Препорачан дневен внес 1-3 мерици

Производот не содржи GMO, додатен шеќер, засладувачи, глутен, соја и адитиви

 

2,900 ден

Опис

Функција на производот:

Обезбедува комплетен протеински состав, присуство на сите 21 есенцијални и неесенцијални
аминокиселни, допринесува за раст и одржување на мускулната маса, помага во закрепнување на мускулите и одржување на здрави коски, допринесува за подобрување на физичките перформанси и издржливоста при интензивни вежби и спортска активност, ја зајакнува кардиореспираторната кондиција, ги поддржува имунолошкиот, ендокриниот и нервниот систем, допринесува во намалување на акумулација на масти во телото, доринесува за зголемено искористување на енергијата, помага во регулирање на метаболизмот и контрола на чувството на глад, ја подобрува концентрацијата и помнењето и го помага организмот во адаптација на состојби на физички и ментален стрес.

За кого е наменет:
Млади и возрасни луѓе, професионални спортисти, рекреативци, луѓе со активен животен стил,
неактивни луѓе и постари лица кои сакаат да го подобрат физичкото, ментално и когнитивно
здравје, вегани, вегетaријанци и сите оние кои се грижат за своето здравје и сакаат да се
чувствуваат подобро.

Состав:
Составен е од 8 внимателно одбрани протеини од растително потекло ( тиква, лен, чиа,
сончоглед, пченична трева, моринга, грашок и ориз ), 4 енергични адаптогени билки ( сибирски женшен, шисандра, родиола, ашваганда ), 3 медицински печурки ( реиши, чага, кордицепс ), МЦТс
– триглицериди на заситени масни киселини со среден ланец од кокосово масло, авокадо и
баобаб.
Производот е богат со протеини, витамини, минерали, фитонутриени, антиоксиданти и
претставува природен извор на енергија.

Производот не содржи гмо, додатен шеќер, засладувачи, глутен, соја и адитиви.

Со својот состав од исклучиво растително потекло, производот е подобен за вегани и вегетаријанци, како и индивидуи со нетолеранција кон лактоза и глутен.

Начин на употреба:
Производот се користи како додаток во исхрана растворен во напиток ( вода, чај, млеко, смути,
сок од овошје, или зеленчук ), или како додаток во каши, супи, пецива, торти и колачи.
Препорачана дневна доза 1-3 мерици. Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Количина 500г – 50 мерици

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.