Зошто е важно да ја заштитиме косата од загадувањето на воздухот?

Сакаме да го прашаме загадувањето кога ќе нѐ остави на мира? Веројатно кога нема да го предизвикуваме самите ние :/

Додека седиме и чекаме да се намали нивото на загадување во воздухот ☹, свесни сме дека загадувањето освен што ни го загрозува општото здравје, ѝ штети на кожата, а тоа што ѝ штети на кожата апсолутно ѝ штети и на косата. Кремите и лосионите кои ги користиме за нега на кожа, иако можеби минимално, ни помагаат да се заштитиме од загадувањето на воздухот, но косата често забораваме да ја негуваме против штетните влијанија.

Суспендираните 2.5 ПМ честички (прашина, чад, нечистотија и издувни гасови) се „сместуваат“ во косата и на скалпот, предизвикуваат иритација и ја прават сува, кршлива, а може да предизвикаат и прерана ќелавост.

Лошата вест е дека редовното шампонирање нема да биде доволно за да се отстранат загадувачите. Сепак, тоа не значи дека не можеме ништо да преземеме.

1. Носете капа

Не ни треба уште еден изговор да носиме капа зошто капите и шеширите освен што се супер модни додатоци, може да ни послужат и за заштита од загадувањето. Покривањето на косата и скалпот е добар начин да се заштитиме од честичките во воздухот што можат да бидат токсични и штетни. Корисни ни се и за засенчување на очите и лицето од штетните УВ зраци на сонцето.

2. Хидрирајте се

Користете ја секоја прилика да останете хидрирани зошто тоа е добро за нашето општо здравје и за кожата и косата. Загадувањето и другите агресори на животната средина ја сушат косата, а употребата на навлажнувачка маска е еден од начините за заштита. Сите они кои живеат во населени места во кои што е загадено се препорачува да користат маска задолжително еднаш во неделата. Во зависност од тоа каква коса имаме, треба да ја избереме таа што највеќе ни одговара. Побарајте хидрирачки маски кои ја навлажнуваат и ја зајакнуваат природната хидро-липидна обвивка на косата за да ја задржите хидрирана. За да се подобри ефектот на маската, ја виткаме косата во топол пешкир веднаш откако ќе ја нанесеме маската. Ова делува како третман со пареа, помагајќи да се отвори кутикулата на косата, така што сите корисни состојки од маската можат подобро да навлезат.

3. Намалете со употреба на шампон

Можеби звучи контрадикторно (на крајот на краиштата, миењето е најдобриот начин да се ослободите од нечистотија, нели?), но пречеста употреба на шампон може да направи повеќе штета отколку добро. Изложеноста на загадување (и УВ зраците, исто така) ја суши косата, а прекумерното шампонирање може само да ја влоши ситуацијата. Оставете што е можно повеќе време помеѓу употреба, и обидете се да користите шампон не почесто од секој втор ден. Но, ако морате да го користите шампонот секој ден (верувајте, разбираме), нанесете само на корените, бидејќи краевите имаат тенденција да бидат најсуви и најоштетени.

4. Внимaвајте со четкањето и како ја стилизирате косата

Доколку одеднаш има повеќе коса заглавена во четката, не паничете, веројатно загадувањето е виновно за тоа: чадот, загадениот воздух ја ослабува косата во должина, што ја прави кршлива и поподложена на кршење и раздвојување на краевите.  Исто така секако сите ги следиме повеќето совети за убавина и стајлинг и нанесуваме најразлични производи на коса. Серумите, спрејовите и лосионите специјализирани за нега на коса ненамерно ја прават нашата коса поподложна на загадувањето на воздухот и привлекување и собирање на лошите честички. Топлина од фенот или пеглата за коса е исто многу штетна и неповолна за косата. Најдобро е да се користи млазница на вашиот фен за да се минимизира изложеноста на топлина и пегли за коса кои не се загреваат до безброј степени.

P.S. –  Не заборавајте да се движите пеш или да возите велосипед. Еден ден ќе си бидете благодарни на себе за оваа одлука.


РАЗГЛЕДАЈ


РАЗГЛЕДАЈ


РАЗГЛЕДАЈ


РАЗГЛЕДАЈ


РАЗГЛЕДАЈ