9 производи кои Митра ти ги препорачува за оваа недела

Добро ни дојде уште на една работна недела, која што се надеваме дека за сите ќе биде позитивна и исполнета со успеx на сите полиња 😊

Ова се производите кои Митра ги препорачува за оваа недела:

1. CLEMENTONI SОFT BUILDING BLOCKS 30 МЕКИ КОЦКИ ВО ТОРБА

Листата ја започнуваме со меки коцки за најмалите на кои ќе им се радуваат и возрасните зошто децата толку многу ги сакаат и им го задржуваат вниманието што се случува да си играат со нив со часови (проверено 😊). Коцките се во различни големини и бои и се безбедни и лесни за играње благодарение на специјалниот мек материјал. Доаѓаат спакувани во мека торба што ги прави и лесни за транспортирање од едно до друго место, па може да ги земете со вас и на гости кај најдоброто другарче од градинка.
 

КУПИ СЕГА
 
 

2. FOR LADY GREEN TEA EXTRACT ХУЛАХОПКИ

Сезоната на хулахопки е отворена! За секоја пригода, секојдневна употреба за на работа, или вечерни излегувања со другарките, хулахопките се нешто без кое не можеме во постудениот период. FOR LADY GREEN TEA EXTRACT се хулахопки со екстракт од зелен чај, кои покрај тоа што ни се заштита од студот, поради зелениот чај придонесуваат за зголемување на циркулацијата и спречуваат создавање на масни наслаги кои не би сакале да ги наталожиме во зимскиот период. Доаѓаат во две стандардни нијасни „Црна“ и „Грација“ и може да се вклопат во сите комбинации.
 

КУПИ СЕГА
 
 

3. PUMA EVOSTRIPE FZ HOODY ДУКСЕР

Совршен за викенд прошетки во Парк или за на пиво после тренинг со другарите 😊
 

КУПИ СЕГА
 
 

4. ATLETICORE СУНЃЕР ЗА ВЕЖБАЊЕ

Сеедно дали вежбаш јога, пилатес или си љубител на некоја поитензивна спортска активност, Met сунѓерите се нешто што наоѓа примена во сите спортски активности. Супер мек, изработен од пена, можеш да го користиш како подлога за правење на јога позите, стомачните вежби или за истегнување пред и после тренингот.
 

КУПИ СЕГА
 
 

5. TEFAL БЛЕНДЕР

После добар тренинг, се частиме со убаво протеинско или овошно смути, кое ни ги надокнадува калориите кои сме ги потрошиле за време на тренингот. Експериментираме со вкусовите и намирниците по свој избор и сите состојки ги блендаме во TEFAL блендерот со две брзини и задоволувачки капацитет на садот, кој има и функција за дробење на мраз доколку сакаме да внесеме дополнителна свежина во напитокот. Super healthy!
 

КУПИ СЕГА
 
 

6. САПИЕНС

Сигурно веќе некаде сте го сретнале овој наслов. Книга која е интернационален бестселер објавен на над 30 јазици низ целиот свет, а ние топло ти ја препорачуваме. Во „Сапиенс“ д-р Јувал Ноа Харари ја опфаќа целата човечка историја, од првите луѓе на Земјата до радикалните – а понекогаш и катастрофалните – откритија на когнитивните, земјоделските и научните револуции. Врз основа на согледувањата од биологијата, антропологијата, палеонтологијата и економијата, тој истражува како струите на историјата ги обликуваат нашите човечки општества, животните и растенијата околу нас, па дури и нашите личности.
 

КУПИ СЕГА
 
 

7. DR.KONOPKA’S REGENERATING FACE MASK МАСКА ЗА ЛИЦЕ ЗА НОРМАЛНА, СУВА И ЗРЕЛА КОЖА

Нешто што треба да ни стане рутина за нега на кожата на лицето е редовната употреба на маска за лице која ќе ни ја направи кожата мека и еластична, ќе ни ја врати влажноста на кожата и ќе нѐ заштити од надворешните влијанија како што се ветерот и студот кои ни претстојат периодов. Оваа подмладувачка маска за лице, го содржи етеричното органско масло N49 од Dr.Konpkas’s и е збогатена со екстракти од органска жалфија и дива роза. Исто така, во својот состав содржи витамини и минерали, неопходни за негување и навлажнување на кожата. Погодна за сите типови на кожа.
 

КУПИ СЕГА
 
 

8. AFRODITA КРЕМА ЗА РАЦЕ БАДЕМ

Како за лицето, така се грижиме да ги заштитиме и дланките, кои највеќе „страдаат“ од студот и ветерот, а и секојдневните обврски. Многу е важно постојана хидратација и нанесување на креми кои ќе ни ја омекнат и заштитат кожата. Нашиот избор е кремот на Afrodita 2 во 1 со со бадемово масло и шеа путер кој ја обезбедува потребната грижа и ја штити оштетената кожа на рацете, ја промовира нејзината регенерација и ги зајакнува ноктите.
 

КУПИ СЕГА
 
 

9. AURA GLORIOUS CHEEKS 215 DEEP WINE РУМЕНИЛО

За да се означи крајот на уште една успешна и исполнета работна недела, договараме заслужен пијалак со друштвото и за таа пригода ги заруменуваме образите со AURA GLORIOUS CHEEKS 215 DEEP WINE руменило, нијанса која нема да нѐ издаде доколку румените образи се поради некоја друга причина 😉
 

КУПИ СЕГА