Дневна рутина за шминка

Иако секогаш го сакаме и повеќе го преферираме природниот изглед, сепак сметаме дека со сѐ поекспонираниот начин на живот шминката е составен дел од нашето секојдневие и многу често ни го “спасува” уморниот изглед.
Tips: Пред да започнеме со било каква make up рутина, секогаш треба кожата да ни биде добро исчистена и хидрирана.

Нашиот чекор по чекор водич за дневна рутина за шминка:

1. AURA PERFECT BASE БАЗА ЗА ШМИНКА

Прајмерот е првиот производ кој треба да го нанесеме за да ја подготвиме кожата за шминка. Базата се нанесува на исчистена и хидрирана кожа, секогаш кога сакаме сјаен тен или како прв чекор во нашата рутина за шминкање. Улогата на базата е да ја продолжи издржливоста на шминката на нашата кожа, ја прави кожата мазна, свиленкаста на допир и дава мат изглед. Ги пополнува брчките, порите и другите неправилности на кожата. Perfect базата, во својот состав содржи масло од семки од кајсија, кое дополнително ја хидрира и храни кожата. По нанесувањето на базата, кожата е подготвена за следниот чекор.
 
aura perfect base
КУПИ СЕГА
 
 

2. AURA JELLY ТЕЧНА ПУДРА

Кога ќе стигнеме до овој чекор, најголем приоритет е да најдеме соодветна нијанса на течна пудра за нашата кожа. Aura Jelly течната пудра ја има во 6 различни нијанси (со гел структура кои совршено ќе се вклопат со кожата на лицето) за нежен и хидриран изглед на лицето. Со својата гел структура, ја изедначува бојата на тенот, а воедно кожата ја прави мат и блескава. Има средна покривна моќ и е совршена за сите типови на кожа. Посебно е корисна за сува и комбинирана кожа. Содржи фактор SPF 20 кој дополнително ќе ја заштитува нашата кожа дополнително од штетното влијание на UV зраците.
 
aura foundation
КУПИ СЕГА
 
 

3. AURA CORRECT ME ТЕЧЕН КОРЕКТОР

Откако ќе завршиме со нанесување на пудрата, коректорот е производот кој никогаш не треба да го прескокнеме! Correct me течниот коректор со богата и кремаста структура ни овозможува оптимално прикривање на неправилностите на кожата, особено во делот на подочниците. Лесно се нанесува и ни овозможува многу пријатен изглед.
 
aura concealer
КУПИ СЕГА
 
 

4. AURA CHEEK STICK РУМЕНИЛО ВО СТИК

Руменилото во стик е нашиот омилен производ. Брзо и едноставно го нанесуваме на јаболкниците, а со тоа и даваме на кожата блескав и здрав тен. Поради својата специфична кремаста структура збогатена со витамин ц, масло од јојоба и shea butter, успешно се соединува со подлогата на лицето и ѝ дава потполно природен изглед на кожата. Богатата мирисна нота на праска, дополнително ги истакнува трите нијанси на Cheek stick руменилото.
 
aura cheek stick
КУПИ СЕГА
 
 

5. AURA ABSOLUTE MATTE КАРМИН ЗА УСНИ

Пред да го нанесеме карминот, никогаш не треба да ја заборавиме негата и хидрацијата на нашите усни. Балзамот и моливот за усни дополнително ќе ни помогне во крајниот ефект (изглед) на нежни и здрави усни. Absolute matte течниот кармин ни овозможува поинтензивна пигментација, полесна текстура и подолготраен мат ефект. Го има во 13 нијанси, но верувајте нема да може да се одлучите само за една!
 
aura matte
КУПИ СЕГА