БЕГЕМОТ Страдањата на кнезот Штерненхох

Издавач: Бегемот Јазик: Македонски Година: 2016
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 223 | Димензии: 180×110 | Корица: мека

250 ден

Опис

Романот Страдањата на кнезот Штерненхох се смета за најважно дело на Ладислав Клима. Тој претставува гротескен пандан на славното дело Страдањата на младиот Вертер од Гете. Романот ги следи перипетиите на главниот лик, кнезот Штерненхох, претставникот на дегенерираната пруска аристократија од времето на Вилхелм II, кој по убиството на неверната сопруга не умее да се носи со одговорноста за својот чин. Романот е полн со ексцентричност и хорор елементи: монструми, сеништа и духови, небаре живи излезени од делата на Франциско Гоја.

Прозата на Клима е исполнета со мистериозност, не отстапува од гротеската, црниот хумор, шокантните теми и драстичните ефекти, се користи со мотиви од популарната литература (хорор, еротска литература), а воедно безрезервно полемизира за суштинските и компликувани филозофски проблематики. Таа го надраснува уметничкиот дострел на литературата од тој период, а воедно антиципира со значително подоцнежните појави во книжевноста. Меѓу другото, прозата на Клима некои критичари ја споредуваат со творештвото на Станислав Игнаци Виткевич. Неговите дела биле мошне популарни во литературните кругови на аутсајдерите, кои биле во потрага по нови решенија подалеку од општоприфатените литературни норми. Клима бил еден од уметничките и духовните патрони на чешкиот андерграунд.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.