Што е burnout синдром?

Во чест на месецот за подигање на свеста за менталното здравје, сакаме да дознаеме повеќе за Burnout синдромот. Што е burnout, кои се знаци на препознавање, како да се справиме со него?

Многу сопственици на мали бизниси, доживуваат burnout, особено претприемачи, кои во овие две години на пандемија, ја осетија исцрпеноста, која почна да ги спречува да успеат во нивниот бизнис. Најважно е да се разберат знаците и причините од исцрпеноста и да се побара совет од стручно лице.

Што е burnout?

Работното исцрпување е посебен вид на стрес поврзан со работата – состојба на физичка или емоционална исцрпеност, која исто така вклучува чувство на намалено достигнување и губење на личниот идентитет. 

„ Burnout “ не е медицинска дијагноза. Некои експерти мислат дека други состојби, како што е депресијата, стојат зад burnout. Ова нарушување може да предизвика сериозни проблеми со менталното и физичкото здравје, а се појавува како резултат на прекумерен и продолжен стрес и ќе предизвика  умор, исклученост и истрошеност. Терминот првпат е измислен во 1970-тите од психологот Херберт Фројденбергер.

Како да ги препознаете знаците за burnout:

Дали сте исцрпени? Хроничната емоционална и физичка исцрпеност е знак дека прегорувате. Ако се борите и неможете да станете од кревет секое утро, дури и по 8 часа сон, можеби време е да направите пауза.

Дали сте станале цинични и критични? Претприемачите имаат тенденција да бидат страствени за она што го работат. Ако брзо губите интерес и имате негативни мисли за работата, тоа е сигурен знак дека изгорувате.

Дали сте раздразливи или нетрпеливи? Ова вклучува да се биде раздразлив и нетрпелив, дури и при најмала препрека.

Дали сте неефикасни, се влечете на работа и имате проблем да започнете?

Не заборавајте, зошто започнавте со бизнис, пред се, затоа што го сакате тоа да го правите и затоа што сте добри во тоа што го работите. Но, исцрпеноста може да направи да се чувствувате како да немате поим што правите, дури и да ве спречи да можете да решавате проблеми или да смислите нови идеи.

Дали сте разочарани и депресивни? Честопати луѓето ја мешаат исцрпеноста со депресија или обезличување, бидејќи имаат слични симптоми. Ако се чувствувате депресивно, можеби е време да го погледнете вашиот баланс помеѓу работата и животот и секојдневните стресови.

Дали ви недостасува концентрација -фокус/мотивација/енергија – продуктивност. Ниската продуктивност и одложувањето се исто така главни знаци на исцрпеност, особено ако сте навикнати да бидете „вклучени“ и достапни цел ден.

Препознавањето на исцрпеноста е првиот и најважен чекор во процесот на закрепнување.

Учењето како да се идентификува согорувањето може да ја поттикне свеста за оваа честа состојба. Неговото правилно идентификување ве учи како да го спречите тоа да се случи во иднина. Она што го отежнува идентификувањето на исцрпеност е фактот дека секој го доживува стресот на свој единствен начин.

Не се срамете да разговарате за конкретните проблеми и да побарате поддршка од стручно лице. Без разлика дали контактирате со соработниците, пријателите или саканите, поддршката и соработката може да ви помогнат да се справите. Наспиј те се. Обидете се со некоја релаксирачка активност. Медитирај. Вежбај.

Една од многуте причини за исцрпеност е неурамнотежениот однос со работата. Воспоставување на рамнотежа помеѓу работата и животот ќе ви помогне да водите многу пофункционален живот без стрес.

Ако сте вработен родител, одвојте доволно денови за одмор за да поминете квалитетно време со вашите пријатели и семејството.

И за крај правете работи во кои уживате!

Ако сакате да знаете како да се ослободите од ментална исцрпеност, забавата е добро место за почеток. Посветувањето на работи што ве прават среќни ќе ги калибрира нивоата на стрес и ќе ви помогне повторно да се поврзете со себе на емоционално ниво. Па макар тоа биле и мали производи со кои би си помогнале да се расположите или едноставно да си посветите време на себе.

Митра ви препорачува:

1. Истражувањата покажуваат дека растенијата можат да го зголемат расположението и продуктивноста.

SHOP NOW

2.  Self care – Ја зголемува продуктивноста,  го намалува стресот и ја подобрува целокупната физичка, ментална и емоционална благосостојба.

URTEKRAM TINE IN крема за туширање од смирувачка лаванда

SHOP NOW

Гел за туширање од смирувачка лаванда

SHOP NOW

3. Читајте . Книга, списание, блог, стрип.

7 Навики на успешните луѓе

SHOP NOW

4. Sleep garden – перница со пердув за убав сон

SHOP NOW

5. Пијте чај или некој топол пијалок!

SHOP NOW

6. Б витамини за вашето расположение, стрес и енергија

SHOP NOW

SHOP NOW

7. Витамин Ц за вашиот имунолошки систем и стрес

SHOP NOW