Астрономија

Кога ќе слушнеш вест за тоа дека ќе се случи помрачување на Сонцето или на Месечината, кога ќе дознаеш дека во текот на ноќта ќе може да се види метеорски дожд или некоја комета – сигурно ќе посакаш да го видиш сето тоа.

Овие, како и многу други појави во вселената се проучуваат од науката астрономија.

Автор: Никола Божиќ
Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: Литература за деца
Број на страници: 32
Година на издание: 2017

250 ден

Нема на залиха

Опис

 

Во текот на ведрите ноќи, убаво е да се насочи погледот кон небото и да се набљудува мноштвото ѕвезди, Месечината и понекоја искра што ита низ небесното пространство.

Ако почнеш да го истражуваш небото со помош на двоглед или телескоп, ќе го правиш истото што го прават и вистинските астрономи. Ќе станеш свесен дека Земјата е само мало делче од огромната, можеби и бесконечната вселена, но и дека ние, всушност, се наоѓаме на една мала планета.

Ноќното небо и вселената се неисцрпен извор на инспирација за писателите на научно-фантастичните приказни и романи, а филмовите и сериите за патувањата во далечните светови се многу популарни.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.