Владо од sVcareblends советува како до совршено негувана брада

Инспирирани од Movember – месецот на машкото здравје и брковите кои потсетуваат на важноста на редовни здравствени прегледи го “кечнавме” Владо Сејменовски, дечкото кој негувајќи ја својата брада дошол до идеја да создаде производи кои ќе им ја олеснат работата на сите beardsmen 😊

vlado

Здраво Владо. Дали може да нѐ воведеш малку во својата позадина, мало интро за идејата да го создадеш sVcareblends?

Идејата за овие производи ја имав многу оддамна, но како реализација на проектот производи за нега на брада и коса се изреализира и започна пред скоро 4 години, тогаш и до скоро под името sVbeardcare.

Сѐ започна како на шала, од неколку масла направени за пријатели до производство на сега веќе 20 производи како масла за брада, масла за коса, балсами, восок, лабело, путери за тело, пасти за заби, четки и чешли…

Бидејќи палетата се ширеше и тоа не беа веќе производи само за нега на брадата, решивме да го смениме името и од скоро брендот е под називот sVcareblends.

Колку долго си “beardsmen”?

Брада имам многу долго време. Само се менувала должината, од онаа што се вика “тридневна брада” па сѐ до должина која едно време беше и 20-25cm.

Така започна и цела оваа приказна, од сопствената потребата на масла за нега на влакното кои за жал кај нас на пазарот не можеше да се најдат и да се купат.

Истражував доста за составот на маслата кои ги гледав на интернет, кои ги купував од секаде каде што патував и така решив да направам неколку масла за почеток за мене и за некои мои пријатели. Одбрав само масла кои се природни и органски, најдов етерични масла и почнав да миксам и буквално “да си играм”, и до ден денес ниту една состојка во ниту еден производ не е променета или пак заменета со некоја слична.

Кој ти е омилен производ од твојата линија за нега на брада и коса sVcareblends?

Јас сум личност која лесно се врзува за било што. Сакам да експериментирам и да менувам кога станува збор за козметика или парфеми, но тоа ми трае кратко, па така и со овие производи. Првото направено масло ми беше маслото со мирис на портокал и ден денес тоа ми е едно од омилените и сѐ уште го користам само тоа.
 

SVCAREBLENDS ОRANGE BEARD OIL МАСЛО ЗА БРАДА

sVcareblends Оrange Beard Oil Масло за брада
КУПИ СЕГА
 
 

Опиши ни ја твојата дневна рутина за нега на брада.

Брадата бара посебна нега, затоа и на многу луѓе многу често брзо им здосадува, но кога тоа ќе стане дневна рутина, можам слободно да кажам дека се прави махинално без да се почувствува тежина и терет.
 

SVCAREBLENDS HANDMADE VANILLA SOAP САПУН ЗА БРАДА

sVcareblends Handmade Vanilla Soap Сапун за брада
КУПИ СЕГА
 
 
Наутро додека се туширам ја мијам со сапунот за брада, потоа ја сушам со пешкир, нанесувам од маслото за брада, потоа од балсамот, расчешлувам и тоа е тоа.
 

SVCAREBLENDS ЧЕШЕЛ ЗА БРАДА

SVCAREBLENDS ЧЕШЕЛ ЗА БРАДА
КУПИ СЕГА
 
 
Навечер пред спиење е доволно да се нанесе само масло за брада, секако на веќе измиена и чиста брада.
 

SVCAREBLENDS LAVANDER BEARD BLACK SERUM СЕРУМ

SVCAREBLENDS ЧЕШЕЛ ЗА БРАДА
КУПИ СЕГА
 
 

Дали преку пасијата за нега на брадата ти се отвориja нови можности во животот?

Запознав многу луѓе од секаков профил, стекнав нови пријателства, производите почнаа да се продаваат на неколку места во Скопје, не само online, и можам да кажам дека сум релативно задоволен од тоа како се одвива сега за сега оваа приказна и за можностите кои ми ги пружи.

Што може ново да очекуваме од Владо и од sVcareblends?

Планови имам премногу. Рецепти за многу други производи кои не се наменети само за нега на брада и коса исто така, секој ден си “миксам” по нешто сѐ додека не стигнам до формулата која ја сакам, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Се надевам еден ден дека овие производи ќе го почувствуваат воздухот и надвор од Македонија 😊

 

P.S. Митра ги охрабрува сите мажи да се приклучат кон Movember, да ги пуштат брковите и да остават свој печат во акцијата! Вклучи се нашиот challenge на @kajmitra! А за фантастичен изглед на брковите, Митра препорачува:
 

SVCAREBLENDS MOUSTACHE WAX ВОСОК ЗА БРКОВИ


КУПИ СЕГА