Добрата крема за лице е суштинска за квалитетна рутина за нега на кожата. Исто како што мораме да пиеме вода за да го хидрираме нашето тело, мораме и да нанесуваме креми со кои ќе ја одржуваме влажноста на кожата на лицето. Без разлика дали имаме сува, комбинирана или масна кожа, кремите се последен и екстремно важен чекор кој го заокружува целиот режим за нега. Плус, доколку постојано ја негуваме нашата кожа со квалитетна крема, ја успоруваме појавата на брчки и го забавуваме процесот на стареење.
Бидејќи знаеме дека е предизвик да се одбере квалитетна крема во масата производи кои ни стојат на располагање, направивме селекција на испробани производи кои се имаат покажано како одличен сојузник за одржување на добра хидратација на лицето.
Од лесни креми за преку ден врз кои шминката ќе „легне“ совршено, креми со овошни киселини и витамини од кои лицето ќе блеска, до органски креми со чисти состојки кои се нежни и за најосетливата кожа, еве осум производи за хидратација кои можат да се нарачаат онлајн #КајМитра 👇🏻