Во оваа серија гостински објави на Нина Манова, лиценциран инструктор по пилатес, се запознаваме со убавините на пилатес методата на вежбање и осознаваме како таа влијае на целокупната физичка и ментална добросостојба на телото. Покрај тоа, издвојуваме спортска опрема за вежбање пилатес, вклучувајќи топки, подлоги, ленти за истегнување, хеланки и други производи кои можеш да си ги нарачаш онлајн кај нас.
И сега, стигнуваме до најдобриот дел – со купување на кој било од препорачаните производи, добиваш ПИЛАТЕС ВИДЕО со Нина на ПОДАРОК.
За кого е пилатесот?
Убавината на пилатесот е во тоа што е за секого и може да се практикува секој ден без да ни наштети.
Една од основните работи кои ја издвојуваат оваа физичка пракса од останатите е тоа што истовремено ја зајакнува и истегнува мускулатурата со секоја вежба. Дополнително, во ниту една пилатес вежба нема директен удар врз зглобовите во телото. Пилатесот се фокусира на зајакнување на мускулатурата на нашето торзо и со тоа ја подобрува нашата става, влијае на нашето држење и придонесува за правилноста на нашиот ‘рбет. Творецот на пилатесот, Џосеф Пилатес, своевремено рекол дека човек кој има 30 години и неправилен, укочен ‘рбет, е постар од некој кој има 70, 80 години и здрав, флексибилен ‘рбет.
Дизајниран како метода за рехабилитација на повредените војници од Првата светска војна, денес пилатесот е една од најраспостранетите методи за вежбање. Практикувањето пилатес ја подобрува целокупната ментална и физичка добросостојба, ја зголемува флексибилноста, ја зајакнува мускулатурата без да создава надуена мускулна маса во телото и ја усовршува координацијата. Дополнително, пилатесот ја подобрува циркулацијата во телото и го зајакнува нашиот центар, односно нашето торзо, што придонесува кон правилно обликување на целото тело.
Генерално, луѓето кои редовно практикуваат пилатес имаат подобро држење, става, стамина, помалку се подложни на повреди и имаат подобро целокупно здравје.
Придобивки од практикување пилатес
Придобивките од практикување пилатес се огромни. Практикантите се здобиваат со силно, вретенесто тело кое дише длабоко и целосно, здраво срце кое ја подобрува цирулацијата и го збогатува системот со килород и целокупна координација на телото со умот која го подигнува духот на сосема ново ниво.
Со пилатес искусуваме:
- Подобрена става
- Подобрено движење на телото преку исправување на ‘рбетот
- Подобрена рамнотежа
- Зголемена сила
- Зголемена стабилност во центарот (торзото)
- Зголемена флексибилност и еластичност
- Целосно подобрена ментална и физичка добросостојба
Купувај опрема за пилатес и добиј пилатес видео на подарок
Убавата спортска опрема и хеланки ќе ти ја дадат потребната мотивација да почнеш да вежбаш дома, а пилатес видеото со Нина кое ќе го добиеш на подарок ќе ти биде одличен сојузник за ефектна сесија која ќе го зајакне твоето тело и ќе ти помогне да се чувствуваш предобро!